Централизирано и ажурирано веб-решение
Во однос на старите децентрализирани десктоп апликации, КОМУНА дава постојани надградби, интеграции и пристап преку веб.
100% опфат на недвижности
Системот доаѓа наполнет со податоци за објекти и земјиште и овозможува системско оданочување на целата територија.
Детални проценки според методологија
Проценки по повеќе од 20 параметри по категорија за реална и правична вредност.
GIS интеграција и визуелизација
Визуелно обележување на зони, улици и региони кои се вклучени во методологијата за оданочување.
Централизирана електронска наплата
Онлајн наплата на сите обврски, автоматско книжење и интеграција со е-Трезор.
Електронска достава и известување
Масовно и индивидуално доставување на решенија по е-пошта за сите типови на обврски.