УПАТСТВО ЗА ПЛАЌАЊЕ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ


Преку ова упатство ќе бидете запознаени како брзо и лесно да ги платите вашите даночни обврски за данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок, како и комуналната такса за фирмарина преку платформата edanoci.mk.

Постојат два начини како да дојдете до порталот за наплата:

1. Со скенирање на QR код:

На секое решение, на самиот крај е отпечатен QR код. Со негово скенирање со мобилен телефон, автоматски ќе бидете пренасочени кон порталот за плаќање на edanoci.mk. Порталот ќе Ве извести за статусот на решението и ќе Ви даде понуда да го платите истото доколку не е платено.

2. Преку директен пристап на платформата:

Внесете го линкот edanoci.mk во Вашиот прелистувач. По отворање на платформата, кликнете на опцијата за преглед и плаќање на решение.

Решението може да го платите без регистрација, преку опцијата преглед и брза наплата, или да се регистрирате во системот. За двете опции потребен ќе ви биде повикувачкиот број на решението кој се наоѓа во горниот дел на решението.

Преку формата за регистрација добивате повеќе функционалности, како што се преглед и плаќање на сите Ваши решенија за Вас со можност да додадете и други обврзници (Ваши блиски), како и преглед на целосниот имот кој е во Ваша сопственост и негова проценета вредност.

Продолжете кон најава на платформата за електронска наплата со кликање тука.