УПАТСТВО ЗА ПЛАЌАЊЕ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ


Преку ова упатство ќе бидете запознаени како брзо и лесно да ги платите вашите даночни обврски за данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок, како и комуналната такса за фирмарина преку платформата edanoci.mk за следните Општини: ВИНИЦА, ГЕВГЕЛИЈА, ГОСТИВАР, ЈЕГУНОВЦЕ, КАВАДАРЦИ, РАДОВИШ, СВЕТИ НИКОЛЕ, ТЕТОВО и ЧАШКА.

Постојат три начини како да дојдете до порталот за наплата:

1. Со скенирање на QR код (доколку го имате решението):

На секое решение, на самиот крај е отпечатен QR код. Со негово скенирање со мобилен телефон, автоматски ќе бидете пренасочени кон порталот за плаќање на edanoci.mk. Порталот ќе Ве извести за статусот на решението и ќе Ви даде понуда да го платите доколку истото не е платено.


2. Преку брза проверка на Вашето досие:

Доколку го немате решението, или не сте во можност да го скенирате, истото можете да го пристапите со кликање на копчето за ВЛЕЗ/ПРОВЕРКА/РЕГИСТРАЦИЈА при платформата eDanoci.mk

За да го пристапите Вашиот даночен профил и да извршете плаќање на досепани решенија кликнете на ПРОВЕРКА ПО ЕМБГ/ЕДБС и внесете ги бараните податоци. Со оваа опција, на Вашиот емаил ќе биде испратен привремен линк преку кој ќе Ви се овозможи преглед и плаќање на Вашите обврски.
*Откако ќе го пристапите линкот, ќе имате и можност за креирање на Ваш кориснички профил, преку кој понатаму директно би се најавувале на платформата и нема да имате потреба да ја правите оваа проверка.


3. Преку најава со претходно креиран кориснички профил

Оваа опција е најпрепорачана. Истата може да ја направите како дополнителен чекор и во претходните два начини. Преку формата за регистрација која се пристапува на истиот линк ВЛЕЗ/ПРОВЕРКА/РЕГИСТРАЦИЈА, добивате повеќе функционалности, како што се преглед и плаќање на сите Ваши решенија за Вас со можност да додадете и други обврзници (Ваши блиски), како и преглед на целосниот имот кој е во Ваша сопственост и негова проценета вредност, преглед на финансиски картички и други функционалности.

За проесот на регистрација потребно е да се поднесе барање кое покрај емаилот, ќе го содржи и повикувачкиот број на решението.

Продолжете кон користењето на платформата за електронска наплата ПРЕКУ ОВОЈ ЛИНК.

НАПОМЕНА: Сите официјални даночни решенија и други комунални обврски на следните Општини, се на edanoci.mk доменот и имаат безбедна/криптирана комуникација.
Доколку веб-страница не е на посочениот домен не внесувајте никакви Ваши лични податоци.