КОМУНА - ОПШТИНСКА СЕРВИСНА ПЛАТФОРМА

Комуна е софтверска платформа која овозможува креирање и електронско плаќање на даночни и комунални решенија во 9 општини низ Република Македонија.

Даночните решенија се изработуваат преку процес на масовна процена на недвижности, согласно законската Методологија за процена на пазарната вредност на недвижен имот.



Што претставува КОМУНА?

КОМУНА = Колектив на луѓе здружени во заедница врз принцип на заедничка сопственост и заеднички труд!

Развојот и одржувањето на градовите и населените места е заедничка одговорност и интерес на сите граѓани и правни субјекти што живеат и работат во нив.Комуна претставува дигитален колектив кој ја поврзува локалната самоуправа со своите даночни обврзници, овозможувајќи јасна, прецизна и транспарентна пресметка на данокот на имот и комуналните такси, со цел одговорно и видливо инвестирање на собраните приходи назад кон граѓаните.

Платформата нуди современи алатки за брзо и едноставно утврдување на даночните обврски, електронска достава на даночни решенија, онлајн наплата, како и следење на наплатата преку паметни статистики во реално време, збогатени со просторна (географска) компонента. Со автоматизирано електронско раскнижување и целосна контрола на процесите, Комуна претставува единствена софтверска платформа во Југоисточна Европа која обезбедува целосна опфатеност на недвижностите, значително зголемување на даночната основа и максимизирање на наплатата на јавните приходи.

Главните концепти на системот се базираат на:

  • Одговорна и транспарентна Општина пред своите граѓани
  • Општествено одговорни граѓани кон својата Општина
  • Компании кои директно учестуваат во сите позитивни реформи на Општината

Општини

Даночни обврзници

Решенија

% зголемени приходи

Услуги

УСЛУГИ

Листа на услуги кои се опслужуваат во КОМУНА

Проценка на имот

Транспарентна и масовна проценка на вредноста на недвижноста во Општината, преку утврдување на реалната површина и намена.

Данок на имот

Годишни решенија за обврските за данок на имот кон сите сопственици и корисници на недвижноста кои произлегуваат од направената масовна проценка.

Данок на промет

Креирање на соодветни решенија по типот на трансфер на имот (продажбата, оставинската постапка, подарок..), со детална анализа на утврдените и купопродажните цени.

Комунална такса за истакнат назив на фирма

Транспаретно вклучување на сите правни субјекти кои имаат регистрирано субјекти и/или подружници на територијата на Општината, структурирани по типот на фирма и дејност

Останати комунални такси и обврски

Комунални такси за користење на јавен простор, истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места, витрини, излози, итн.

Електронска наплата на обврски

Сите обврзници ќе можат електронски да ги подмират своите доспеани обврски преку сигурносна форма за наплата

ОПШТИНИ

ОПШТИНИ

ЛИСТА НА ОПШТИНИ КАДЕ Е ИМПЛЕМЕНТИРАНА ПЛАТФОРМАТА КОМУНА

  • СИТЕ ОПШТИНИ
  • ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА 2018 година
  • ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА 2021 година
  • ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА 2022 година
  • ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА 2023 година

Свети Николе

2021 година

Општина Јегуновце

Општина Јегуновце 2022 година

Општина Радовиш

Општина Радовиш 2022 година

Општина Виница

2022 година

Општина Гостивар

2023

Општина Кавадарци

2018

Општина Тетово

2023

Општина Чашка

2023

Општина Гевгелија

2023

ПОДДРШКА

ПОДДРШКА

КОМУНА Е ПОДДРЖАНА ОД СЛЕДНИТЕ ПАРТНЕРИ

ФИНКИ

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

Хостирање на софтверот за данок на имот, и услуги за безбедност, развој, надградби и бекап заштита.

КонТАКТ

КОНТАКТ

За детална анализа на придобивките во Вашата општина, може да не контактирате преку:

Mobile::

078 348 787